Можеме да употребиме само ако постои закана по постоењето на нашата држава, тврди портпаролот Дмитри Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков тврди дека Русија ќе посегне по кон нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење е загрозено, а не поради исходот од конфликтот со Украина.
„Имаме безбедносен концепт, што многу јасно кажува дека само кога постои закана по постоењето на државата можеме да употребиме и ние навистина ќе употребиме нуклеарно оружје за да ја елиминираме заканата за постоењето на нашата земја“,
изјави Песков во интервју за американскатата телевизија Пи-би-ес.
Тој е дециден дека каков било исход од операцијата во Украина „не е причина за употреба за нуклеарно оружје“.
Песков неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден за претседателот на Русија, Владимир Путин ја оцени како неприфатлива.
„Не е на претседателот на САД да одлучува кој ќе биде, а кој нема да биде претседател на Русија, за тоа одлучува народот на Русија на избори“,
посочи Песков.