Американскиот весник „Волстрит џурнал“ претходно денеска објави дека САД ќе ѝ дадат разузнавачки информации на Украина за руски енергетски инфраструктурни цели кои би можеле да бидат погодени со оружје со долг дострел

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денеска изјави дека САД и НАТО веќе редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина откако се појавија извештаи дека Вашингтон ќе му обезбеди на Киев разузнавачки податоци за руски енергетски цели.
„САД редовно ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина преку интернет. Обезбедувањето и користењето на целата инфраструктура на НАТО и САД за собирање и пренесување разузнавачки информации на Украинците е очигледно“,
им рече Песков на новинарите.
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ претходно денеска објави дека САД ќе ѝ дадат разузнавачки информации на Украина за руски енергетски инфраструктурни цели кои би можеле да бидат погодени со оружје со долг дострел, додека Вашингтон размислува дали да испрати проектили до Киев што би можеле да се користат за такви напади.
САД долго време разменуваат разузнавачки податоци со Украина, но според „Волстрит џурнал“, новите податоци ќе му го олеснат на Киев гранатирањето на рафинерии за нафта, гасоводи, нуклеарни централи и друга инфраструктура. Целта е главно да ѝ се ускрати на Русија продажбата и потрошувачката на гориво.
Одобрувањето на новата разузнавачка помош за Украина дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина е способна да ја врати територијата преземена од Русија.