Трамп синоќа на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека е многу разочаран од Путин и дека Си, Путин и Ким наводно прават заговор против САД

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин не правел заговори со кинескиот лидер Си Ѓинпинг и севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун против САД, додавајќи дека коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп во тој контекст можеби биле иронични.
„Би сакал да истакнам дека никој не правел заговори, никој не кроел планови и нема никакви конспирации“,
изјави советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков за руската државна телевизија.
Си Ѓинпинг, пак, предупреди дека светот се соочува со избор меѓу мир и војна. Тој го кажа ова денеска во присуство на Путин и Ким на почетокот на најголемата воена парада во историјата на Кина – без преседан демонстрација на воена моќ.
Трамп синоќа на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека е многу разочаран од Путин и дека Си, Путин и Ким наводно прават заговор против САД.
„Ве молам, пренесете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека заговарате против Соединетите Американски Држави“,
напиша тој.