Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од Кабинетот на министри, Централната банка и Гаспром за примената на инструкциите за промена на валутата при плаќање на испораките на гас за „непријателските земји“ – земјите кои воведоа санкции за Русија по инвазијата на Украина
Новиот механизам за плаќање на рускиот гас во рубљи нема да се применува од 31 март, како што беше претходно најавено, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, апсолутно не. Плаќањето и испораките се долг процес“,
рече Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали објавувавањето на механизмот на 31 март значи дека новите правила ќе стапат на сила истиот ден.
Претходно беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од Кабинетот на министри, Централната банка и Гаспром за примената на инструкциите за промена на валутата при плаќање на испораките на гас за „непријателските земји“ – земјите кои воведоа санкции за Русија по инвазијата на Украина.
Руската Влада, заедно со Банката на Русија и јавното акционерско друштво Газпром, треба да спроведе сет мерки за промена на валутата на плаќање во руската рубља за испорака на природен гас во земјите од Европската унија и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки за руските граѓани и руските компании.
Путин минатата недела соопшти оти за испорака на рускиот гас во „непријателските земји“ ќе прифати единствено плаќање во рубљи откако Москва беше погодена од строги санкции поради нејзината инвазија на Украина, а вредноста на рубљата падна за над 20 проценти.
На овој начин Москва сака да ја врати вредност н својата валута.
На ова реагираа од Виена и Париз.
Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн.
„Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“,
изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс 24.