Дмитриј Муратов од Русија и Марија Реса од Филипините се годинашни добитници на Нобеловата награда за мир за нивните напори да ја заштитат слободата на говор, што е предуслов за демократија и траен мир, соопшти Нобеловиот комитет
Кремљ му честиташе на уредникот и новинар Дмитриј Муратов, за добивањето на Нобеловата награда за мир, и покрај фактот што неговиот весник „Новаја газета“ често ги критикува руските власти.
„Му честитаме на Дмитриј Муратов. Тој постојано работи според своите идеали на кои е посветен. Муратов е храбар и талентиран“,
изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Дмитриј Муратов од Русија и Марија Реса од Филипините се годинашни добитници на Нобеловата награда за мир за нивните напори да ја заштитат слободата на говор, што е предуслов за демократија и траен мир, соопшти Нобеловиот комитет.
Оваа година за Нобеловата награда за мир беа предложени 234 лица, меѓу кои и рускиот опозиционер Алексеј Навални, климатската активистка Грета Тунберг и белоруската опозиционерка Светлана Тихановска. На списокот беа и 95 организации – „Животите на црнците се важни“, Светската здравствена организација, НАТО и „Репортери без граници“.
