Иран минатата година потпиша 20-годишен договор за стратешко партнерство со Москва, Русија гради две нови нуклеарни единици во Бушер, местото на единствената нуклеарна централа во Иран, а Иран ѝ испорача беспилотни летала „шахед“ на Русија за употреба против Украина
Кремљ денеска соопшти дека Иран не контактирал со Москва со барање за испорака на оружје и дека ставот на Русија по ова прашање е добро познат, обвинувајќи ги САД и Израел дека се обидуваат да ги вовлечат арапските земји во поширок конфликт на Блискиот Исток.

Иран минатата година потпиша 20-годишен договор за стратешко партнерство со Москва, Русија гради две нови нуклеарни единици во Бушер, местото на единствената нуклеарна централа во Иран, а Иран ѝ испорача беспилотни летала „шахед“ на Русија за употреба против Украина.
На прашањето на новинарите, дали Русија има намера да му пружи материјална помош на Иран, вклучително и испорака на оружје, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави:
„Во овој случај, немаше барања од иранска страна. Нашата конзистентна позиција е добро позната на сите и нема никакви промени во овој поглед.“
Русија ги осуди нападите на САД и Израел и повика на итен прекин на огнот против земјата со која се зближи во последните години.
Кремљ вели дека двете земји го провоцираат Иран да нападне цели низ целиот регион, велејќи дека нема знаци оти Вашингтон и Тел Авив ќе се повлечат.
Државите од Заливот, сите блиски сојузници на САД, од кои некои имаат и блиски врски со Русија, беа цел на ирански напади со беспилотни летала и ракети откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран во саботата.
Рускиот претседател Владимир Путин, во понеделникот разговараше по телефон со лидерите на четири арапски држави од Заливот. Во разговорот, тој понуди да ги искористи своите врски со Иран за да ги пренесе загриженостите во врска со нападите на Техеран врз нафтената инфраструктура низ целиот регион.
Руското Министерство за надворешни работи, во соопштението објавено денеска, ги обвини САД и Израел дека намерно се обидуваат да ги вовлечат арапските земји од Персискиот Залив во поширок конфликт.
„Тие намерно го провоцираа Иран да возврати на цели во некои арапски земји, што доведе до човечки и материјални загуби, за што руската страна длабоко жали. Така, тие (Вашингтон и Тел Авив) се обидуваат да ги вовлечат Арапите во војна за туѓи интереси“,
соопшти министерството.
