Изборот ќе се врши централно, преку онлајн тестирање, со што ќе се обезбеди објективност и транспарентност на постапката за избор на кандидати
Хрватскиот министер за правда Иван Маленица одлучи да стави крај на вработувањата „преку врски“ во државната служба, поради што беше распишан тендер за целосна дигитализација на процесот за нови вработувања.
„Изработката на методологијата има за цел да го спречи повторувањето на прашањата при тестирањето и, во однос на другите кандидати, да им даде предност на кандидатите што неколкупати учествувале во тестирањето или на друг начин биле запознаени со содржината на претходните тестови“,
се наведува во тендерската документација.
Набавката беше распишана за таканаречениот „Централизиран систем на селекција и нормативна рамка“ за прием во државната служба.
За повеќе да не биде одговорна за вработувањата „преку врска“, хрватската влада има намера да распише тендер за изработка на програма, што, едноставно кажано, случајно ќе ги „исфрли“ прашањата и ќе ги избере најдобрите кандидати според однапред дефинирани критериуми.
„Целта на проектот е воспоставување пообјективно и потранспарентно вработување, засновано на реални потреби и обезбедени финансиски средства, што ќе обезбеди вработување на најдобрите и најкомпетентните кандидати и на тој начин ќе придонесе за подобрување на ефикасноста на јавната администрација и зголемување на фокусот на јавната администрација“.
се вели во тендерската документација.
Се наведува дека изборот ќе се врши централно, преку онлајн тестирање, со што ќе се обезбеди објективност и транспарентност на постапката за избор на кандидати, објави „Јутарњи лист“.