Кога беше прашана за постоењето на можно внатрешно соучество во рамките на најпосетуваниот музеј во светот, Беко одговори дека во оваа фаза не може ниту да потврди ниту да негира

Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр што се случи минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко.
„Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колкава е историска штета“,
рече Беко, објави „Фигаро“.
Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не ако им текне „екстремно глупава идеја“ за топење накитот.
„Да се надеваме дека ќе размислат и нема да ги уништат скапоцените камења без причина“,
рече Беко.
Кога станува збор за истрагата, таа потврди дека се анализираат сите отпечатоци од прсти од местото на злосторството и наведе дека постои можност криминалците што го извршиле грабежот веројатно да имаат голем број луѓе за поддршка околу нив.
Кога беше прашана за постоењето можно внатрешно соучество во рамките на најпосетуваниот музеј во светот, Беко одговори дека во оваа фаза не може ниту да потврди ниту да негира.
Според неа, покрај судиите од Меѓурегионалната специјализирана надлежност (JIRS) на париското обвинителство кои ја водат истрагата, на случајот работат и околу стотина истражители од Париз.
Во неделата претпладне, околу 9:30 часот, во познатата галеријата Аполон, во рамките на музејот Лувр, провалиле четири лица користејќи механичка скала монтирана на возило за да се искачат до галеријата.
Крадците го исекле безбедносното стакло и зеле девет предмети од непроценлива културна вредност, а еден од нив, круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон Трети, била пронајдена на самото место. Се претпоставува дека сторителите паднале за време на бегството.
Предметите потекнуваат од 19 век и припаѓале на француското благородништво. Украсени се со илјадници дијаманти и други скапоцени камења.