Освен за кражба, Обвинителството ќе истражува дали осомничените го извршиле и кривичното дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, со оглед на индициите дека во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН-кодови кои оштетените ги чувале запишани во своите паричници
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и предложи притвор против две државјанки на Бугарија за кои постои сомнение дека во повеќе наврати краделе паричници од различни лица во кои покрај пари имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат дополнителни средства.

Во април минатата година, во автобус на ЈСП со број 7, првоосомничената украла паричник во кој имало 2 600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот се јавил да ја блокира сметката од банка му кажале дека од банкомат веќе му биле подигнати 30 000 денари.
Во текот на август лани во трговски центар во Скопје првоосомничената во три наврати украла паричници во кои имало документи, картички, пари и други вредни предмети, со што првично прибавила 39 000 денари. Од картичките се обидувала да извлече уште пари, при што ѝ успеало од картичката на една од оштетените на двапати од банкомат да извади вкупно 60 000 денари.
„Последниот пат, на 4 јануари 2026 година, двете осомничени заедно, повторно во продажен објект на трговски центар, украле паричник од оштетена и други предмети во вкупна вредност од 3 000 денари, а потоа двапати неуспешно се обидувале од банкомат да повлечат пари од сметката на оштетената“,
наведуваат од ОЈО Скопје.
Освен за кражба, Обвинителството ќе истражува дали осомничените го извршиле и кривичното дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, со оглед на индициите дека во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН-кодови кои оштетените, во случајот повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници.
