До овој момент, во светот вкупно досега се заразиле 67 257 275 со коронавирус, од кои над еден и пол милион починале, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“.
Најголем дел од нив се во САД каде бројката се приближува до 15 милиони заразени.
Во изминатите 24 часа 2 116 лица починаа во САД како последица на ковид, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 287 854. Истовремено, потврдени се 206 387 нови случаи на заразени, со што вкупниот број надмина 14,9 милиони, според податоците на страницата „Ворлдометерс“.
Повеќе од 8,7 милиони луѓе се излечиле од ковид-19, а над 205 милиони биле тестирани.
Најголем број на заразени е забележан во сојузната држава Тексас, каде се потврдени повеќе од 1 342 000 случаи, по што следуваат Калифорнија со повеќе од 1 340 000 и Флорида со над 1 049 000 заразени.
Најголем број смртни случаи има во Њујорк, каде 34 940 лица досега ја загубија борбата со ковид-19, додека повеќе од 779 000 луѓе биле позитивни на коронавирус.
После САД, земји со најголем број случаи на ковид се Индија со повеќе од 9,6 милиони заразени) и Бразил со над 6,5 милиони заразени.
Во Европа, лидери на црната листа се Франција и Италија, каде изминативе денови се заебележува благ пад на бројот на заразени, иако бројот на починати, особено во Италија е и натаму висок.
Во Франција, за едно деноноќие регистрирани се 11 022 новозаразени, што е мал пад во однос на 12 923 претходниот ден, соопштија официјалните лица.
Како резултат на инфекцијата, во последните 24 часа починале 174 лица.
Бројот на пациенти во болниците се зголеми за 223 и сега е 26 293 хоспитализирани, додека бројот на интензивна нега се намали за 10 односно на 3 220. Во Франција досега биле заразени вкупно 2 292 497 лица, додека 55 155 починале.
Бројот на смртни случаи како последица од ковид во Италија надмина 60 000, откако во последните 24 часа се пријавени 564 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.
Бројот на новозаразените за 24 часа е 18 887 лица, што е помалку од 21 052 лица претходниот ден.
Во болниците се лекуваат 30 391 пациенти со ковид. Нови 150 лица се примени во изминатото деноноќеи на одделите за интензивна нега, каде сега има вкупно 3 454 пациенти.
Во Италија досега се заразени 1 728 000 луѓе, а починале 60 078 луѓе.
Во изминатите 24 часа биле тестирани 163.550 луѓе.