Иако е зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта, каде што за 24 часа се прегледани 72 пациенти, сепак притисокот за болничко сместување се намалува во споредба со минатите денови
Во модуларната болница во Штип во последново деноноќие починаа тројца пациенти на возраст од 47, 58 и 67 години. Како што јавува МИА, едниот пациенти е од Виница, а другите двајца се од Штип.
Иако е зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта, каде што за 24 часа се прегледани 72 пациенти, сепак притисокот за болничко сместување се намалува во споредба со минатите денови.
Во модуларната болница се лекуваат 35 пациенти, од кои само четворица не се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат шест пациенти, кои се стабилизирани и со полесна клиничка слика.