Сосотојбата со коронавирусот е предизивк во сите земји во светот, но Романија е во исклучително тешка ситуација. Како што јавуваат тамошните медиуми во ковид-центрите во земјата речиси и да нема повеќе место за хоспитализација на пациенти.
Последната информација, која ја сподели министерот за здравство, Влад Воикулеску, е дека има само шест слободни болнички кревети.
Во моментот хоспитализирани се околу 13 500 ковид-пациенти.
Во изминатите 24 часа, 129 пациенти со ковид-19 починаа во државата. Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот во Романија изнесува над 25 илјади.
Изминатава недела дневниот број на смртни случаи е над 100. Во моментов, во Романија над 74 илјади активни случаи на коронавирусот, а од почетокот на епидемијата се регистрирани повеќе од еден милион.
На почетокот на годинава, во земјата се случи пожар во ковид-центар во Букурешт при што загинаа четири лица.
Министерот за здравство на Романија тогаш рече дека недозволиво е тоа што се случува во болниците низ земјата, алудирајќи на тоа дека ова беше втор пожар во ковид-центар во земјата за само неколку месеци.
