Бројот на активни ковид-случаи во моментов во земјава изнесува 327
Во последните 24 часа направени се 629 теста, а регистрирани се 70 нови случаи на ковид-19, од кои 18 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје– 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3, Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1.
Регистрирани сe 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.
Ниту во последните 24 часа ниту според регистарот на починати со дијагноза ковид-19 од Мој термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 176 205 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 585, бројот на оздравени пациенти е 333 707, на починати е 9 551 а бројот на активни случаи изнесува 327.