Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пак, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје на возраст од 66 до 80 години
Во последните 24 часа направени се 248 теста, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 од кои една е реинфекција со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1.
Регистрирани сe 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица.
Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, пак, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 21.10 до 22.10.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 180 622 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 927, бројот на оздравени пациенти е 334 129, на починати е 9 561 а бројот на активни случаи изнесува 237.