Бројот на активни ковид-случаи во моментов во земјава изнесува 495
Во последното деноноќие направени се 734 теста, а регистрирани се 81 нов случај на ковид-19, од кои 20 се реинфекции со вирусот.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 55, Битола – 6, Кавадарци – 4, Куманово – 3, Прилеп и Тетово – по 2, Велес, Струмица, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовош, Свети Николе, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Велес – 8, Куманово – 5, Кавадарци и Прилеп – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија, Неготино, Кратово и Кичево – по 1.
Ниту во последното деноноќие, ниту според Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 169 626 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 961, бројот на оздравени пациенти е 332 932, на починати е 9 534 а бројот на активни случаи изнесува 495.