Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пак, дополнително се регистрирани два смртни случаи како последица на коронавирусот
Во последните 24 часа направени се 598 теста, а регистрирани се 34 нови случаи на ковид-19, од кои девет се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.
Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.
Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едното лице е починато во домашни услови, а едното лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 17 септември до 01 октомври 2022година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 178 565 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 756, бројот на оздравени пациенти е 333 880, на починати е 9 556 а бројот на активни случаи изнесува 320.