Ниту во последните 24 часа ниту според Регистарот на починати од ковид-19 според „Мој термин“ нема пријавено починати лица
Во последните 24 часа направени се 278 теста, а регистрирани се 28 нови случаи на ковид-19, од кои седум се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените по градови: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1.
Регистрирани сe 39 оздравени пациенти од: Скопје– 22, Прилеп- 5, Куманово- 4, Битола– 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино– по 1.
Ниту во последните 24 часа ниту според Регистарот на починати од ковид-19 според „Мој термин“ нема пријавено починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 174 919 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 462, бројот на оздравени пациенти е 333 611, на починати е 9 551 а бројот на активни случаи изнесува 300.
