Во текот на изминатите 24 часа не е регистрирано починато лице. Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пак, дополнително се регистрирани две починати лица
Во последните 24 часа се направени 745 теста, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, од кои 23 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Согласно регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пак, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г). Лицата се починати во домашни услови, а за починати се пријавени во период од 21 септември до 02 октомври 2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2 164 862 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 143, бројот на оздравени пациенти е 333 158, на починати е 9 539 а бројот на активни случаи изнесува 446.