Во последните 24 часа во Бугарија од ковид-19 умреа уште 18 лица, што е најголем бројка на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата. Со овие последни случаи, вкупниот број на умрени од ковид-19 во оваа земја достигна 563, јави БТА.
Бројот на потврдени случаи на ковид-19 достигна 15 386 откако од вчера до денеска се регистрирани нови 99 случаи на инфекција, од вкупно 3 588 тестирани, покажаа најновите официјални податоци на бугарските здравствени власти.
Во земјата во моментов има 4 326 активни случаи на коронавирус.
Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега.