Во текот на изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, а согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавено едно починато лице, починато во болнички услови
Во текот на изминатото деноноќие се направени 1 760 теста, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид, од кои пријавена е 21 реинфекција со вирусот, информира Министерството за здравство.
Новозаразените се регистрирани во Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74), починато во болнички услови на 25 април.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар – по 1.
Бројот на активни ковид-случаи во земјава во моментов изнесува 493.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145 406, Активни 265
Куманово 16 626, Активни 10
Битола 15 253, Активни 83
Прилеп 14 127, Активни 13
Тетово 13 446, Активни 8
Кавадарци 10 628, Активни 20
Велес 9 759, Активни 17
Гостивар 9 572, Активни 2
Охрид 8 826, Активни 14
Струмица 8 049, Активни 7
Штип 8 014, Активни 12
Кичево 5 610, Активни 11
Кочани 5 072, Активни 2
Струга 4 715, Активни 2
Гевгелија 4 399, Активни 3
Неготино 3 677, Активни 3
Ресен 2 713, Активни 2
Свети Николе 2 624, Активни 0
Радовиш 2 528, Активни 2
Крива Паланка 2 413, Активни 0
Делчево 1 971, Активни 2
Дебар 1 673, Активни 0
Берово 1 649, Активни 9
Валандово 1 485, Активни 0
Виница 1 390, Активни 2
Пробиштип 1 265, Активни 0
Богданци 1 019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 0
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0