Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека угостителските објекти во Софија од утре ќе работат со 50 отсто капацитетите и до 22 часот
Бугарија денеска пријави рекордни 12 399 новозаразени со коронавирус за еден ден, при што повеќето случаи се предизвикани од позаразниот сој омикрон.
Бугарија, каде што се вакцинирани помалку од 30 отсто од граѓаните, забележа уште 73 смртни случаи во изминатите 24 часа.
Во болниците има 5 347 лица, од кои 523 се на интензивна нега. Според најновите податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903 000, а починале 32 869 лица. Најмногу новозаразени има во Софија – 3 199.
Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на одморот на девет дена, почнувајќи од 29 јануари“,
рече бугарскиот министер за образование.
Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во главниот град Софија од утре ќе треба да работат со 50 отсто капацитетите и до 22 часот.