Во моментов активни се 3 595 случаи на ковид-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје
Во изминатите 24 часа, од направени 1 231 тестирања, регистрирани се 521 случај на ковид-19, од кои 120 се реинфекции. Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица. Во моментов активни се 3 595 случаи на ковид-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 485 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кичево (74г),починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5 август 2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336 560, бројот на оздравени пациенти е 323 536, на починати е 9 429.