Најмногу активни случаи има во Скопје – 832, потоа се Битола со 170 и Охрид со 136. Еден активен случај има во Пробиштип, а во Дојран не е регистриран ниту еден
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена направени се 1 561 теста, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19.
Направени се 1 561 теста, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 698 оздравени пациенти. Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица, од Скопје на возраст од 79 и 85 години. Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани две починати лица од Скопје (76) и Кичево (63), лицата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 18 до 22 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2 149 075 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339 881, бројот на оздравени пациенти е 328 478, на починати е 9 477, а бројот на активни случаи изнесува 1 926.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 832, потоа се Битола со 170 и Охрид со 136. Еден активен случај има во Пробиштип, а во Дојран не е регистриран ниту еден.
