Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 27 реинфекции, а во изминатото деноноќие регистрирани сe 130 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 од направени 672 тестови. Од вкупниот број на позитивни случаи, регистрирани се 27 реинфекции.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe 130 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга на возраст од 76години. Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 156 655 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 370, бројот на оздравени пациенти е 330 602, на починати е 9 503, а бројот на активни случаи изнесува 1 265.
Најмногу активни случаи има во Скопје-569, Битола-93, Охрид-72, во Демир Хисар и Демир Капија има по еден, а во Дојран не е регистриран ниту еден активен случај со ковид-19.
