Изминатите 24 часа направени се 3 929 тестирања
Денес се регистрирани 280 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 223 211.
Оздравени се 156 пациенти – пријавени се 10починати лица.
Направени се 3 929 тестирања, а регистрирани се 280 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 137, Прилеп – 24, Охрид – 18, Битола и Штип – по 15, Кавадарци – 13, Гевгелија – 10, Ресен – 9, Куманово и Струмица – по 8, Велес – 4, Валандово и Богданци – по 3, Кичево и Демир Хисар – по 2, Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 574 100 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид -дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223 211, бројот на оздравени пациенти е 210 475, на починати е 7 904, а бројот на активни случаи изнесува 4 832.
