Во текот на изминатата недела (од 15 до 21 август) регистрирани се вкупно 2 686 нови позитивни случаи на ковид-19 во 34 града во земјава, што е намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, од направени 1 284 теста, регистрирани се нови 429 случаи на ковид-19: Скопје – 171, Охрид – 28, Битола – 27, Куманово -19, Прилеп, Кавадарци, Велес и Гевгелија – по 17, Штип, Делчево и Берово – по 13, Тетово и Кочани – по 12, Радовиш – 7, Неготино – 6, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 4, Гостивар, Струга, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Виница – по 2, Свети Николе, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (429), регистрирани се 95 реинфекции.
Регистрирани сe 572 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (70г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (73г), Битола (82г), Струмица (82г) и Охрид (49г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 13.08. до 18.08.2022 година.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338 549, бројот на оздравени пациенти е 326 217, на починати е 9 455, а бројот на активни случаи изнесува 2 877.
Во текот на изминатата недела (од 15 до 21 август) регистрирани се вкупно 2 686 нови позитивни случаи на ковид-19 во 34 града во земјава, што е намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
