Употребата на ковид-сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни,а портпаролот на ЕК денеска рече дека ќе се предложи уште едно продолжување после тоа
Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат ковид ертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата, јави МИА од Брисел.
Законскиот предлог за ковид-сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни. Виганд рече дека ќе се предложи уште едно продолжување после тоа.
„Не знаеме каква ќе биде епидемиолошката состојба наесен, нови соеви може да се појават, добро е да останеме подготвени, а некои земји сѐ уште го користат сертификатот на национално ниво“,
додаде портпаролот.
Европската Комисија ќе предложи негово укинување кога веќе нема да има потреба од овој сертификат, но засега тоа не е случај, рече Виганд додавајќи дека сертификатите овозможија да се патува безбедно во ЕУ од почетокот на епидемијата, но дека целта на овој документ не е да биде предуслов за патување.