Бројот на заразени со коронавирус во Русија денеска надмина 100 000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти рускиот Кризниот штаб.
Според објавените податоци, во претходните 24 часа се регистрирани 113 122 случаи што, наведуваат руските медиуми, е последица на ширењето на сојот омикрон.
Во Русија во изминатото деноноќие починаа 668 пациенти, а бројот на смртни случаи од ковид-19 од вчера веќе ја надмина границата од 700 000 од почетокот на пандемијата.
Photo: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV