Министерот Филипче вели дека со целосен капацитет работат амбулантите на Неврологија, Дерматологија, уво, ноз и грло, гастро, пулмологија, целата Интерна клиника…
Никој не останал без лекарска грижа. За превентивата што се одвива кај матичните лекари не е ништо променето, меѓутоа кај специјалистите и специјалистичките прегледи во сите болници во моментот каде што се третираат ковид-пациенти не се запрени останатите прегледи, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос на притисокот врз другите болнички капацитети во четвртиот бран, Филипче нагласи дека и покрај тоа што даваат кадар во ковид-центрите, работата на клиниките не е запрена.
„Во Клиничкиот центар на интерните клиники, и покрај тоа што се зафатени одделенијата со ковид-пациенти, за Неврологија, еден дел на Клиниката за уво, нос и грло и за дерматологија, во останатите клиники се направени и зелени зони и место каде што се движат лекарите за вообичаените прегледи, така што на останатите клиники работата и покрај тоа што даваат кадар во ковид-центрите не е запрен“,
изјави денеска Филипче.
Со целосен капацитет работат амбулантите и на гастро, и на пулмологија, целата Интерна клиника.