Од соседните земји, Србија денеска регистрираше рекордни 2 822 новозаразени, а Грција, пак, одлучи да ги затвори основните училишта и градинките за да се намали раздвиженоста со оглед дека родители, баби и дедовци ги носат и ги земаат децата од школо
Две соседни земји, Србија и Албанија, денеска забележаа рекордни случаи со ковид-19.
Српските власти денеска официјално информираа дека се регистрирани нови 3 822 случаи со ковид-19, што, според тамошните медиуми, е рекорден број на новозаразени.
Новите случаи се дијагностицирани од направени 14 015 тестирања. Во Србија во последните 24 часа има и 17 смртни случаи со бројот на вкупно починати од ковид, според официјалните податоци, изнесува 989.
Загриженост во Албанија поради зголемената хоспитализација на пациенти
Нов рекорден број на новозаразени во едно деноноќие регистрирала и Албанија. Од 2 409 тестирани, позитивни на ковид биле 532 пациенти. Во истиот период починале седум пациенти со што вкупната бројка на смртни. Албанските здравствени власти денеска посочија и дека посебно се загрижени од зголемувањето на бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Во моментов во Албанија има три ковид-болници во кои се хоспитализирани 389 пациенти, а Министерството за здравство информира дека почнуваат со отворање и на ковид-центри во регионалните болници.
Во Косово, пак, во изминатите 24 часа регистрирани се 733 новозаразени од 1 791 тестирање, а имало и 11 смртни случаи. Вкупниот број на починати кај овој сосед изнесува 809.
Бугарија, пак, денеска регистрираше 4 212 нови случаи.
Основните училишта и градинките во Грција се затвораат за да се намали раздвиженоста
Во последното деноноќие во Грција има 2 835 новозаразени, а починале 38 лица. Вкупниот број на смртни случаи изнесува 1 035.
Грчките власти денеска информираа дека ја прифатиле препорака на Комисијата на епидемиолози и за да се намали раздвиженоста од понеделник ги затвораат основните училишта и градинките.
Тие ќе бидат затворени од понеделник до 30 ноември, а учениците наставата ќе ја следат онлајн (во попладневните часови) и преку едукативната програма на грчката национална телевизија.
Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, објасни дека препораката на комисијата е врз основа на интензивната раздвиженост на родителите, бабите и дедовци, кои ги земаат или носат децата на училиште, како и од наставници и вработените.
Средните училишта и универзитетите во Грција се затворени од претходно и наставата ја одржуваат онлајн.