Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје – 11, Куманово – 4, Тетово – 1 и Велес – 1.
Регистрирани се вкупно три смртни случаи. Двајца починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби: пациент од Струга (58 г.) и пациент од Скопје (47 г.) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во градската болница „8 Септември“, пак, починал еден пациент од Тетово (41 г.) хоспитализиран на 19 мај.
Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 14, Куманово – 2, Штип – 4, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 1, Велес – 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 039, бројката на оздравени пациенти е 1 470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 747, активни 210
• Куманово – 438, активни 33
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 50, активни 15
• Прилеп – 211, активни 47
• Тетово – 179, активни 70
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 40
• Битола – 28, активни 7
• Охрид – 23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 10, активни 3 (7 се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 1, активни 1
Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен факултет – 24, Авицена – 20, Биотек – 48, Филип Втори (Жан Митрев) – 79, Систина со PCR-метода – 54 и МАНУ – 119. Досега во земјата се направени вкупно 26 463 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2 680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
