Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 65 пациенти, а дома се пуштени 33 пациенти, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид-пациенти што се лекуваат во болнички услови во Скопје изнесува 459.
Во моментов, според здравствениот билтен, на Кожната клиника се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 36, на Институтот за ТБЦ 52, на Клиниката за гастроентерохепатологија 24 болни, на Клиниката за нефрологија 25, а на Клиниката за очни болести, која од денеска почна да прима ковид-пациенти, има еден хоспитализиран.
Го Градската општа болница „8 Септември“, каде што во ковид-центарот се додадоа нови 20 кревети и вкупниот број изнесува 100, во моментов се пополнети сите кревети.
На Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле има 40 пациенти, од кои 9 деца и 31 возрасен.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, велат од Министерството за здравство, утрово до 8 часот имало 40-ина слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во „8 Септември“.