Девет лица починаа, 90 се новодијагностицирани со ковид-19, а 48 лица оздравеле, соопшти денеска Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во земјава во последните 24 часа.
Од починатите девет лица, пет се од Скопје, двајца се од Тетово, еден од Охрид и еден е од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. Пациент на 64-годишна возраст почина на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.
Во ГОБ „8 Септември“ починаа три пациенти: жена (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, маж (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни.
Од Министерството за здравство соопштија дека починал уште еден пациент (64) од Скопје кој бил во нивната болница, но тој на барање на семејството е испишан од болницата и починал дома откако со возило на Брзата помош бил однесен. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.
Во Болницата во Тетово починале се две лица – пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни.
Во Болницата Охрид вчера починал пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.
Во изминатите 24 часа направени се 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Охрид- 13, Струга -10, Штип-8, Ресен-6, Тетово-4, Велес, Битола, Свети Николе, Куманово и Кочани по два, Гостивар, Пробиштип и Крушево по еден случај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Штип-30, Скопје -9, Гостивар- 4 и по еден од Тетово, Велес, Струмица, Кочани и Пробиштип.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5 196, бројката на оздравени пациенти е 1 974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2534, активни 1721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 665 теста се преку: ИЈЗ – 217, ЦЈЗ Скопје – 34, Авицена – 0, Биотек – 0, МАНУ – 189, Жан Митрев (Филип Втори) – 106, Судска медицина – 0 и Систина со PCR метода (за вчера и денес)-119 .
Досега во земјата се направени вкупно 51 885 тестирања за ковид-19.
