Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, при што потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 во земјава. Од нив најмногу се во Скопје – 9, Прилеп – 6, Тетово – 5, Струга, Велес, Битола и Охрид по 2 и во Куманово еден случај.
Со тоа вкупната бројка на заболени со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 723, од нив оздравени пациенти се 1 235, починати 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.
Случаи на ковид-19 досега има регистрирано во 29 града и тоа:
• Скопје – 588, активни 138
• Куманово – 411, активни 47
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 1
• Прилеп – 190, активни 62
• Тетово – 126, активни 63
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 111, активни 49
• Битола – 25, активни 6
• Охрид – 17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активни 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Велес – 3 и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.
Во изминатото деноноќие направените се 349 теста од кои: во ИЈЗ –211, на Ветеринарен факултет -27, „Авицена“ – 17, „Биотек“ – 34, „Филип Втори“ (Жан Митрев) –33, „Систина“ со PCR-метода – 10 и во МАНУ – 17. Досега во земјата се направени вкупно 20 088 тестирања на ковид-19.
