Во изминативе 24 часа починаа три лица со ковид-19, 24 се оздравени и дијагностицирани се нови 20 лица со коронавирус, информира Министерството за здравство.
Оздравените лица по градови се од: Скопје – 12, Прилеп – 7, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Пехчево – 1.
„Починати се три лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово“,
информираат од Министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 10, Прилеп – 5, Тетово – 4, Велес – 1.
„Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент. Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште тројца се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, а уште еден пациент се следи на домашно лекување“,
информираат од Министерството.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ – 161, Ветеринарен факултет – 16, Авицена – 13, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 40, Систина со PCR-метода -36 и МАНУ – 19. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани до ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 694, бројката на оздравени пациенти е 1 229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 579, активни 129
• Куманово – 410, активни 46
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 2
• Прилеп – 184, активни 56
• Тетово – 121, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 109, активни 50
• Битола – 23, активни 4
• Охрид – 15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активни 1
