Откриени се 300 асимптоматски инфекции, кои во Кина не се сметаат за позитивни случаи бидејќи не ја шират заразата
Здравствената комисија на Вухан денеска објави дека ги завршила тестирањето на 9,9 милиони од нејзините жители, при што не се регистрирани нови случаи на ковид-19.
„Од 14 мај до 1 јуни, тестирани се 9 899 828 лица во Вухан“,
соопшти на прес-конференција Лу Зуксун, од кинеското Здружение за превентивна медицина.
Лу потенцира дека при тестирањето не се откриени нови случаи, но регистрирани се 300 асимптоматски инфекции, кои во Кина не се сметаат како потврдени случаи на ковид-19.
„Во моментов, процентот на лица со асимптоматски инфекции во Вухан е исклучително мал во однос на бројот на населението, но тоа не се случаи кои би можеле да предризвикаат ширење на заразата“,
додаде тој.
Според Ху Јабо, заменик-градоначалник на Вухан, за тестирањето се потрошени околу 126 милиони долари, средства од буџетот на градот.
Вухан е епицентар на новиот коронавирус. Кина досега пријави 83 022 заболени и 4634 починати од ковид-19. САД сметаат дека земјата ги крие вистинските бројки и поради тоа упати критики и до СЗО дека застанала на страната на Пекинг.