Бројот на заболени со ковид-19 во светот изнесува 6 162 399 лица од кои 371 035 починаа, а 2 738 889 оздравеле.
Според сајтот „Ворлдометерс“ кој се базира на податоци на СЗО, бројот на активни случаи во светот е 3 052 475. Од нив речиси 3 милиони се со лесни симптоми додека останатите 53 472 се во тешка состојба.
САД се први на листата на земји со најмногу заболени- 1 816 897 лица и 105 557 починати.
На второ место изби Бразил со речиси половина милион заразени и 28 849 починати лица. Во изминатите 24 часа во оваа земја се пријавеи 1 526 новозаразени.

Русија е на трето место со 396 575 заболени и 4 555 починати како последица на ковид-19. Во последните 24 часа беа потврдени 9.268 нови случаи. Денеска е забележана и најниската дневна бројка на смртни случаи од 25 мај, 138 лица.
Шпанија, Велика Британија, Италија и Франција се европски земји со најголем број зарзаени, но ситуациата во овие земји се стабилизира.
Бројот на заразени бележи пораст во Индија, каде во изминатите 24 часа се регистрирани 663 нови заболени, со што вкупниот број изнесува 182 490 додека на смртни случаи 5 186.
И покрај тоа, од 8 јуни ќе почнат да работат хотелите, рестораните, трговските центри и местата за молитва. Одлука за следната фаза, која вклучува повторно отворање на училиштата и универзитетите, се очекува во јули. Сепак, некои активности и понатаму ќе бидат ограничени, како што е, на пример, патување во странство, а кината и баровите ќе останат затворени.
Пораст на бројот на заразени бележат и Мексико и Пакистан.
Во Мексико во едноденоноќие се регистрирани 2 885 лица, со што вкупниот број е 87 512, додека на починати 9 779 од кои 364 за 24 часа.
Во Пакистан во еден ден се регистирани 3 039 заболени и 88 нови смртни случаи, со што вкупниот биланс со ковид-19 во оваа земја е 69 496 заразени и 1 483 починати.
Поради тоа, пакистанското Министерство за здравство соопшти дека носењето маски е задолжително на јавните места каде што има многу луѓе како што се џамии, пазари, трговски центри и јавен превоз.
Кина во изминатите 24 часа пријави два нови случаи на заразени.