Вкупно во светот досега со коронавирус се заразаени 11 395 424 лица, покажуваат податоците на сајтот Ворлдометерс, врз основа на информации од СЗО.
Како последица на ковид-19 досега починале 533 773 лица, а бројот на активни случаи е 4 411 708 лица.
Од нив 99% (4 353 219) се во лесни симптоми, додека еден процент или 58 589 се во сериозна или критична состојба.
Од достапните податоци, најголем пораст во последниве 24 часа има во Русија – 6 736, потоа во Мексико 6 914 и Пакистан 3 191 случаи.

Здравствените власти во Јужна Африка денеска соопштија дека за првпат од почетокот на епидемијата регистрирале дневен раст од над 10 000 нови случаи на коронавирус.
Со овие податоци вкупниот број заразени лица се зголеми на 187 977, со што оваа земјата сега е најзагрозена во Африка, пренесуваат американските медиуми.
Во Африка во моментов повеќе од 450 000 лица со ковид-19.
Бројот на починати повеќе од 3 000.