Бројката на активни случаи во главниот град моментно е 2 290 од вкупно 9 349 од почетокот на епидемијата
Аеродром и натаму е општина со најголем број активни случаи на ковид-19 во главниот град, така што за еден ден бројката на заразени е зголемена за 25, наспроти Центар, каде што денеска бројката е за еден помалку од вчера.
Трета општина според бројката на инфицирани е Карпош, каде што денеска денеска има два активни случаи на ковид-19 помалку во споредба со Центар:
• Чаир – 96
• Гази Баба – 221
• Аеродром – 456
• Карпош – 392
• Центар – 394
• Кисела Вода – 268
• Ѓорче Петров – 188
• Бутел – 87
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 35
• Сопиште – 19
• Чучер Сандево – 7
• Петровец –12
• Зелениково – 6
• Странец – 13
• Нераспределен- 59
Во последното деноноќие, во Скопје се дијагностицирани 200 нови случаи на ковид-19 од вкупно 438 новозаразени во земјава. Со тоа, бројката на активни случаи во главниот град моментно е 2 290 од вкупно 9 349 од почетокот на епидемијата.
Во последниот дневен билтен на Министерството за здравство, Скопје влезе и со 85 излекувани пациенти од вкупно 191 во земјава во последното деноноќие.