Состојбата со новиот корнавирус сè уште варира и во земјите во регионот. Во Грција во последното деноноќие се регистрирани 23 нови случаи на ковид-19 и со тоа во земјата има вкупно 3.432 случаи од кои активни се 1866. Досега, во Грција починати се 192 лица, а 1374 се оздравени.
Во Србија во изминатите 24 се потврдени уште 272 случаи на коронавирус, од 8.626 тестирани примероци. Во истиот период починале четири лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 281. Во моментов има 73 пациенти на респиратори, а бројот на активни случаи изнесува 1.783. Во Србија до денеска во 15 часот има вкупно 14.836 потврдени случаи на ковид-19, тестирани се вкупно 409.866 лица, а стапката на смртност е 1,89.
Според последниот официјален извештај, во Косово вчера се регистрирани 79 новозаболени од ковид-19, а вкупно досега има 2.878 заразени, од кои починале 51 лице. Во текот на вчерашниот излекувани се 71 лице, со што бројката на луѓе кои ја пребродија заразната болест достигна до 1.577. Бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.250 лица. Вчера се извршени 210, а од почетокот на пандемијата, вкупно 23.780 тестирања.
Во последното деноноќие во Албанија од направени 276 тестови, позитивни на ковид-19 се 45 лица, што е за 24 случаи помалку споредено со вчера. Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени се зголеми на 2.580 лица. Во исто време оздравеле уште 57 луѓе, а починале две лица. Активни се 999 случаи од кои хоспитализирани се 71 лице.
Во Бугарија во последното деноноќие се регистрирани 158 нови случаи на ковид-19, а седум лица починаа. Со тоа во земјата има 4989 регистрирани лица со ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега починале 230 лица. Оздравени се вкупно 2676 лица.