Во Прилеп денеска е регистриран еден нов случај на заболен од коронавирусот, а еден пациент на 73-годишна возраст почина. Две лица се оздравени од овој град.
Бројот на активни случаи со ковид-19 во Прилеп изнесува 29, а од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување. Три лица се хоспитализирани во инфективното одделение во градската болница „Борка Талески“, а петмина се на лекување во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Поради неносење заштитни маски, на 18 граѓани им се изречени прекршочни пријави.
