Во моментов во земјава активни се 570 случаи. Најголем дел од нив се во Скопје – 363, додека 13 градови се без активни случаи

Во последните три дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2 880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (180), 29 се реинфекции.
Регистрирани се и 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице, а нема пријавени смртни случаи ниту од претходно согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313 540, бројот на оздравени пациенти е 303 648, на починати е 9 322, а бројот на активни случаи изнесува 570.
Дистрибуција по градови:
- Скопје 14 7986, Активни 363
 - Куманово 16 726, Активни 19
 - Битола 15 769, Активни 29
 - Прилеп 14 246, Активни 15
 - Тетово 13 508, Активни 14
 - Кавадарци 10 725, Активни 21
 - Велес 9 814, Активни 6
 - Гостивар 9 622, Активни 8
 - Охрид 8 984, Активни 37
 - Штип 8 102, Активни 13
 - Струмица 8 094, Активни 10
 - Кичево 5 662, Активни 5
 - Кочани 5 112, Активни 9
 - Струга 4 736, Активни 3
 - Гевгелија 4 427, Активни 1
 - Неготино 3 708, Активни 8
 - Ресен 2 758, Активни 4
 - Свети Николе 2 640, Активни 0
 - Радовиш 2 532, Активни 1
 - Крива Паланка 2 419, Активни 0
 - Делчево 1 987, Активни 1
 - Берово 1 693, Активни 1
 - Дебар 1 681, Активни 0
 - Валандово 1 488, Активни 0
 - Виница 1 396, Активни 0
 - Пробиштип 1 268, Активни 0
 - Богданци 1 023, Активни 1
 - Кратово 967, Активни 0
 - Крушево 931, Активни 0
 - Демир Хисар 836, Активни 0
 - Македонски Брод 743, Активни 1
 - Демир Капија 594, Активни 0
 - Македонска Каменица 525, Активни 0
 - Пехчево 486, Активни 0
 - Дојран 352, Активни 0
 
