Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град
Вкупно 1 740 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Во ковид-центрите има околу 260 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 81 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 698 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 042 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на интерните и хируршки клиники имало 40 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 16 пациенти, а шест на Инфективната клиника. Во Козле биле примени тројца болни, а 12 се примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 58 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови, како што соопштува МЗ, е зголемен и изутрината до 8 часот имало 60 слободни места.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти, во Штип 94, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, а во Велес се лекуваат 99 болни. Во Куманово се хоспитализирани 90 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, во Охрид 105 пациенти, во Прилеп 136, во ковид-центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35, во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.