Во болниците во земјава се лекуваат вкупно 1 256 пациенти кои се позитивни или сомнителни на ковид-19, а има околу 180 празни кревети, покажува денешниот пресек на Министерството за здравство.
Од нив, 804 се во болниците во внатрешноста, додека другите се во ковид-центрите и одделенијата во Скопје.
Од внатрешноста, најмногу пациенти се згрижени во прилепската болница – 123 и во кумановската – 110.
Во Охрид се хоспитализирани 95, Битола 80, Штип и Струмица по 62, Велес 54, Гостивар 52, Тетово 46, Кавадарци 40, Струга 30, Кичево 20 и Кочани и Гевгелија по 15.