Во болниците има 355 пациенти, од кои 5 се на респиратор
Во Скопје најмногу активни случаи има во Аеродром и во Центар – со по над 100
Во последните 24 часа, две лица починаа, регистрирани се 194 новозаразени и 158 оздравени.
Починатите се на 54-годишна (Велес) и 80-годишна возраст (Прилеп), кои биле хоспитализирани.
Во изминатото деноноќие, од направени 1 697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-8, Дебар-13, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-29, Струга-2, Велес-6, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-8, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-14, Крива Паланка-2, Радовиш-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-1, Виница-5, Кичево-5.
Заклучно со денеска, вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17 977, бројката на оздравени пациенти е 14 959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 279. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7 025, активни 727
• Куманово 1 764, активни 181
• Дебар 286, активни 31
• Штип 1 257, активни 51
• Прилеп 684, активни 130
• Тетово 1 442, активни 146
• Струга 672, активни 50
• Велес 328, активни 32
• Битола 309, активни 63
• Охрид 428, активни 40
• Кавадарци 239, активни 42
• Гостивар 936, активни 89
• Гевгелија 126, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 251, активни 149
• Крива Паланка 110, активни 26
• Радовиш 85, активни 21
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 363, активни 162
• Пробиштип 115, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 32
• Валандово 35, активни 24
• Виница 114, активни 26
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 352, активни 44
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 697 теста се преку: ИЈЗ-588, ЦЈЗ Скопје-88, Авицена-360, Биотек-158, МАНУ-118, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Систина со PCR метода-117, лабораторија Лаор-56, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-7, ГАК-11, Синлаб-15. Досега во земјата се направени вкупно 188 777 тестирања на ковид-19.
Во болниците има 355 лица, на респиратор се 5
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Аеродром и Центар со над 100 активни случаи
Најголем број активни случаи има во Скопје, а општините Аеродром (115) и Центар (105) се со над 100 заразени. Потоа следуваат Карпош со 95, Кисела Вода со 90, Гази Баба со 85, Чаир 56, Ѓорче Петров – 53, Илинден 32, Бутел – 29, Шуто Оризари – 17, Студеничани – 7, Сарај – 14, Арачиново – 5, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 5, Петровец – 5, Зелениково – 2…