Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера бил регистриран најголем дневен број на новозаболени од новиот коронавирус од почетокот на пандемијата.
Според податоците доставени во СЗО, во неделата ширум светот се пријавени повеќе од 183 000 нови случаи, од кои најмногу во Бразил – 54 771 случаи, потоа во САД – 36 617, и повеќе од 15 400 заболени во Индија за еден ден.
Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е одраз на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирања, но и на ширење на инфекцијата.
Од почетокот на пандемијата, СЗО регистрира над 9 милиони заболени. Од нив во моментов активни се речиси 3,8 милиони, а излекувани 4,8 милиони. Бројот на пријавени смртни случаи досега изнесува 469 514. Само вчера бројот на починати се зголеми за речиси 5 000. Повеќе од две третини од нив се пријавени во Северна и Јужна Америка.