Починаа двајца пациенти од Тетово и еден од Скопје, за кој присуството на вирусот е утврдено посмртно. Најголем број од новозаболените (24) и денеска се од главниот град
Тројца починати, 38 новозаразени и 16 оздравени од ковид-19 регистрира Министерството за здравство во последното деноноќие.
Меѓу излекуваните се девет пациенти од Велес, четири од Прилеп и по еден од Скопје, Куманово и Битола.
Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот за јавно здравје, од болницата „Ремедика“, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53), кој бил позитивен на ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 24, Куманово – 4, Штип – 4, Тетово – 3, Битола – 1, Неготино – 2.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 077, бројката на оздравени пациенти е 1 486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 771, активни 232
• Куманово – 442, активни 36
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 54, активни 19
• Прилеп – 211, активни 43
• Тетово – 182, активни 71
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 31
• Битола – 29, активни 7
• Охрид – 23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 1, активни 1
Направени се 560 теста, од кои 168 се во рамки на скринингот во градинки и геронтолошки установи, каде што не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се тројца пациенти, а хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е еден пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се девет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се шест, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани пет пациенти, а на домашно лекување се следат уште тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани девет, а на домашно лекување се следат седум пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.