Бројот на оние кои досега се заразија со новиот коронавирус во светот е 3 350 976 луѓе, од кои 236 800 починаа, а 1 062 658 се оздравени, покажуваат податоците на сајтот Ворлдометерс, кои се базираат на информациите кои земјите ги испраѓаат до СЗО.
Според тоа, активно со болеста се борат 2 051 518 лица. Притоа, има промена во процентот на оние кои имаат лесни симптоми и тој изнесува 98, наместо досегашните 97%, или во бројки 2 001 283. Два проценти од заболените со ковид -19 во светот или 50 235 луѓе се во тешка состојба.
Први на листата и натаму остануваат САД со 1 103 927 заболени со ковид-19 и 64 460 починати лица. Во изминатите 24 часа дијагностицирани се 8 904 нови случаи на заболени и 604 смртни случаи.
Следува Шпанија со 239 639 заболени и 24 824 починати лица, од кои денеска се пријавени 281 починат.
Италија е трета на листата со 207 428 заболени од кои 1 965 се нови случаи. Црниот биланс е 28 236 починати од кои 269 се во изминатото деноноќие.
Велика Британија има 177 454 заболени лица досега, од кои денеска како нови се пријавени 6 201 лица и 27 510 смртни случаи од кои 739 се во изминатите 24 часа.
Компанијата „МекДоналдс“ најави дека на 13 мај ќе отвори 15 свои ресторани во Британија, кои ќе функционираат само преку достава.
Франција има 167 178 заболени и 24 376 починати лица.
Германија објави 163 331 заболени од кои денеска 322 нови случаи, и 6 632 починати од кои 9 се нови случаи.
Од континентите, Европа има најмногу заболени од ковид-19 – 1 394 555 заболени лица, од кои 21 111 се нови дијагностицирани.
Досега починаа 137 030 од кои само 1 795 лица во изминатите 24 часа.
Азија регистрира 530 679 заболени од кои 10 629 се нови случаи, и 18 852 се починати досега. Во изминатите 24 часа се пријавени 242 смртни случаи.
Вонредната состојба воведена во Јапонија поради епидемијата на Ковид-19, која требаше да биде укината следната недела, ќе биде продолжена за речиси уште еден месец, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Јужна Америка има 179 682 заболени од ковид-19, од кои 2 868 се нови случаи и 8 812 починати од кои 116 се во изминатото деноноќие.
Африка има 40 592 заболени, а само во изминатите 24 часа има 807 нови случаи, додека бројот на починати е 1 663 или 25 нови.
Австралија и натаму е низок процент назаболени – 8 348 лица и 16 нови случаи. Досега како последициа на оваа болест починаа 112 лица, од кои еден во зиминатите 24 часа.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште ја смета пандемијата на новиот коронавирус за глобална здравствена вонредна состојба, што претставува највисоко ниво на закана во категоризацијата на оваа организација.