Вкупно 301 граѓанин во земјава во моментов се водат како активно болни од ковид-19, покажуваат последните бројки на Министерството за здравство.
Најголем дел од активните случаи – 105 се во Скопје. Блиску до бројот на активно болни во главниот град е и Тетово каде има 97 активни случаи. Двоцифрен број на заболени има и во Куманово – 32 и Гостивар – 21.
Во другите општини бројот на заболени е едноцифрен, а во петнаесетина градови нема ниту еден активен случај .
Според последните статистики на Министерството за здравство, состојбата со вкупниот број на случаи кои досега се регистрирани и бројот на активно болни од ковид-19, по градови е следна:
Вкупно заболени: Активни случаи:
Скопје 68806 105
Куманово 8913 32
Прилеп 8334 7
Тетово 7377 97
Битола 6311 1
Велес 5478 4
Гостивар 5204 21
Кавадарци 5156 1
Охрид 5025 6
Штип 4964 4
Струмица 4130 5
Струга 2985 4
Кочани 2796 4
Кичево 2607 8
Гевгелија 2196 1
Неготино 2184 0
Свети Николе 1526 1
Ресен 1234 0
Крива Паланка 1227 0
Радовиш 1162 1
Берово 1032 0
Делчево 974 1
Дебар 949 7
Виница 886 0
Пробиштип 789 0
Валандово 667 0
Богданци 494 0
Крушево 490 0
Демир Хисар 400 0
Демир Капија 396 0
Кратово 377 0
Македонски Брод 359 0
Пехчево 269 0
Македонска
Каменица 249 0
Дојран 132 0
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 078. Од нив, 150 276 лица се водат како оздравени, додека 5 489 се починати.