Вкупно 4 312 716 луѓе досега заболеа од ковид-19 во светот, од нив 290 945 починаа, а оздравени се 1 568 202 луѓе, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“ кој се базира на информации од СЗО.
Според ова, активни се 2 453 569 случаи на ковид-19, а од нив 2 407 191 (или 98%) се со лесни симптоми на болеста, додека 2 проценти или 46 378 луѓе се во тешка состојба.

САД се на првото место so 1 395 027 заболени, од кои во изминатите 24 часа има 9 193 новодијагностицирани. Досега починаа 82 555 лица, од кои нови се 760 смртни случаи.
Втора на листата е Шпанија со 269 520 заболени, од кои 1 377 се нови, и 26 920 починати од кои 176 во изминатите 24 часа.

Трета е Русија со 232 243 забoлени лица и 10 899 нови случаи во едно деноноќие и 2 116 починати од кои 107 се во последните 24 часа.
Велика Британија досега пријавила 226 463 заболени од кои 3 403 во изминатите 24 часа и 32 692 починати, од кои 627 се нови.
Италија има 221 216 заболени од ковид-19, при што дневниот број на новодијагностицирани е 1 402, а досега починаа 30 911, од кои 172 се нови смртни случаи.
Франција регистрирала 178 225 заболени и 26 997 починати лица, додека Германија 172 243 заболени и 7 693 починати лица.
Бразил во Јужна Америка е земја со најмногу заболени – 172 243 лица и 11 980 починати. Турција со 141 475 заболени и 3 894 починати лица е на врвот на листата во Азија.

Од континетите прва е Европа со 1 675 446 заболени и 155 719 починати лица. Потоа следува Азија со 701 023 заболени и 22 820 починати лица и Јужна Америка со вкупно 326 060 заболени и 17 572 починати од ковид-19.
Африка со 70 150 случаи на заболени и 2 389 е претпоследна, а Австралија и натаму е последна со 8 565 случаи на ковид – 19 и 118 починати лица.